ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Македонија во јули покрила 94,7% од потребите за струја

Во јули Македонија произвела 460,8 GWh електрична енергија, со што домашното производство покрило 94,7 отсто од потребите.

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Македонија во јули покрила 94,7% од потребите за струја
Фото: Принтскрин

Македонија во јули произвела 460,8 GWh електрична енергија, со што од домашното производство биле обезбедени 94,7 отсто од вкупните потреби за електрична енергија во земјата, информираше министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Според Божиновска, во јули е забележан и значителен раст на учеството на останатите домашни производители во вкупното производство. Тие учествувале со 55,3 отсто, додека производството на ЕСМ претставувало 44,7 отсто.

Дополнителен придонес во промените во домашниот енергетски систем има и зголеменото производство на електрична енергија од сончеви централи.

„Со нови инвестиции во батерии и складирање на енергијата, ќе можеме уште подобро да ја искористиме струјата произведена од сонцето“, посочи Божиновска.

Паралелно со растот на домашното производство, во текот на годината е регистрирано и значително намалување на загубите во електроенергетската мрежа. Загубите, кои во јануари изнесувале 17,7 отсто, во јули се намалиле на 9,7 отсто.

Министерката смета дека податоците укажуваат на постепено зајакнување на домашното производство, поголемо искористување на обновливите извори на енергија и создавање постабилен електроенергетски систем.

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЕВРОПСКАТА ГАСНА МРЕЖА Голем енергетски чекор веќе во септември

CATEGORIES
Share This