БЕЗ ВОДА И СТРУЈА ВО СКОПЈЕ Проверете дали сте меѓу погодените улици
Денеска се најавени прекини во делови од Карпош и Центар, а дел од корисниците во Карпош ќе останат и без електрична енергија.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска дел од корисниците во општините Карпош и Центар ќе останат без вода поради планирани активности и дефекти на водоводната мрежа.
Поради изведување водоводен приклучок на улица „2“ бр. 2 во Козле, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улица „2“ и дел од улицата „Козле“ во високата зона. Прекинот започнува во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите.
Во Центар, поради дефект на приклучна цевка со профил ф-2“ на улицата „Мирче Ацев“ бб, без вода ќе останат корисниците од дел од улицата „Мирче Ацев“ и улицата „Мирче Мацан“. Прекинот е во сила од 08:30 часот и ќе трае до санирање на дефектот.
Во меѓувреме, од ЕВН Македонија АД информираат дека дел од корисниците во Карпош денеска ќе останат и без електрична енергија.
Поради исклучување на НН извод од ЕРО за нов НН приклучок, прекин на електричното напојување ќе има од 10:00 до 15:00 часот.

