МАКЕДОНЦИ, ЕВЕ ВИ ШАНСА ЗА РАБОТА ВО ЕВРОПА Плата од 7.400 франци месечно
Лихтенштајн се соочува со недостиг на работници и бара кадар во повеќе сектори, но за престој постојат ограничувања.

Лихтенштајн, едно од најбогатите алпски кнежевства, се соочува со сериозен недостиг на работна сила. Високите примања го прават особено привлечен за странските работници, но за оние кои сакаат да се преселат во земјата постојат важни ограничувања поврзани со престојот. Европската мрежа ЕУРЕС објавува информации за слободните работни места и условите на пазарот на трудот во Лихтенштајн, а преку платформата може директно да се бара работа.
Сепак, важно е да се разликува правото на работа од правото на престој. Државјаните на земјите од Европскиот економски простор можат да работат во Лихтенштајн, но бројот на дозволи за постојан престој е ограничен. За прекуграничните работници правилата се поедноставни.
Лихтенштајн е познат по исклучително високите плати. Според официјалните податоци на заводот за статистика, средната бруто месечна плата во 2024 година изнесувала 7.401 швајцарски франк, во што е вклучена и една дванаесеттина од 13-тата плата, како и другите надоместоци.
Иако високите примања се голем мотив за странските работници, наоѓањето работа не значи автоматски и добивање право на долгорочен престој. За државјаните на ЕЕА важат посебни правила. Половина од годишните дозволи за престој се доделуваат преку лотарија, а другата половина ги определува Владата. Во моментов, преку годишното извлекување се доделуваат 28 дозволи за престој на вработени државјани на ЕЕА.
Недостигот на работници е присутен во повеќе сектори. Особено се бараат кадри во:
- здравството;
- технологијата;
- индустријата;
- градежништвото;
- логистиката;
- професионалните услуги;
- финансискиот сектор.
Во Лихтенштајн значајна улога имаат финансиските услуги, додека економијата во голема мера се потпира на индустријата и услужниот сектор. За странските кандидати, познавањето на германскиот јазик претставува голема предност, особено кај работните места што подразбираат комуникација со клиенти, пациенти или локални тимови.
Покрај високите плати, Лихтенштајн има и конкурентен систем на корпоративно оданочување. Данокот на добивка изнесува 12,5 проценти, додека минималниот данок на добивка е утврден на 1.800 швајцарски франци. Токму комбинацијата од високи примања, силна економија и поволно деловно опкружување го прави Лихтенштајн една од најатрактивните, но и најселективните дестинации за странски работници во Европа.

