ЌЕ ИМ ГО ВРАТАМ ИБАР Вучиќ со шокантна најава, подготвува голем градежен потфат

Белград размислува за промена на текот на реката која е клучна за Газиводе и снабдувањето со вода и електрична енергија на Косово.

ЌЕ ИМ ГО ВРАТАМ ИБАР Вучиќ со шокантна најава, подготвува голем градежен потфат
Фото: Принтскрин

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека размислува за промена на текот на реката Ибар, што би можело да има сериозни последици за езерото Газиводе и снабдувањето со вода и електрична енергија на Косово.

„Веќе поканивме експерти, инженери и претставници од градежниот сектор. Ќе ја разгледаат ситуацијата и ќе предложат како тоа би можело да се спроведе“, рече Вучиќ.

Ибар е долг речиси 280 километри, извира во Црна Гора, минува низ Србија и Косово, а преку браната кај Зубин Поток го создава езерото Газиводе. Езерото е од стратешко значење за Косово, бидејќи обезбедува вода за голем дел од населението, индустријата и електроенергетскиот систем.

Идејата за пренасочување на Ибар не е нова. Вучиќ ја спомена уште во 2024 година по експлозијата на каналот Ибар-Лепенец, но сега повторно ја актуелизираше поради рушењето на објекти покрај Газиводе од страна на косовските власти.

Од Европската унија реагираа дека ваквите потези не придонесуваат за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и дека решението треба да се бара преку дијалог.

Експерти од Србија, пак, оценуваат дека промената на текот на Ибар би била исклучително сложен, скап и долготраен проект, со сериозни последици за сите страни.

CATEGORIES
Share This