Зошто професорката Христина Манческа поднесе отказ?
Дали во Македонија еднаш ќе можеме да си погледнеме искрено в очи и да си ја признаеме горката вистина и да кажеме: Доста е луѓе, Доста е!!!!!!!

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, Виш државен просветен инспектор во пензија
Сабота, 22 август 2026 година.
По добивањето на мејл, а доставено на 20.08.2026 година во писмен допис професорот Христина Манческа го известува директорот на гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, дека поднесува ОТКАЗ, причината за отказот како што се наведува е „поради тоа што има екстремно некоректно оценување на некои коишто воопшто ништо не учат( буквално уста не отвораат) а се бара преодна оценка“. Јас си поднесувам отказ. Подносител: професор Христина Манческа.
Во целост го пренесувам образложението
„ Денес на 20.08.2026 год. беше закажан во 9:00 часот испитот по Хемија за двајца ученици кои во јуни на испитот не положија а денес требаше да полагаат во августов испитен рок. Учениците за да полагаат испит требаше да се пријават на 12.08.2026 год. Идат на испит не пријавени и покрај информацијата за датумот на пријавување што ја кажал класниот раководител. Класниот раководител пратен од директорот иди и ме прашува дали како предметен професор на тие ученици можам да дозволам да полагаат денес. Во интерес на учениците да не повторуваат година му дозволив да полагаат.
Испитoт започна на двајцата ученици и комисија од тројца членови. На учениците како предметен професор му велам: „Ајде да не ви поставуваме ние прашања сами да си одберете прашања што ги имате најдобро научено“. За тие ученици држев продолжителната настава и во јуни и во август. Од сите закажани термини се појавија само еднаш и сами не знаеја за што се дојдени и се брзаа да си одат бидејќи ќе немало превоз. На испитот и покрај желбата да положат учениците не знаеја ништо ни реченица да кажат а не да напишат равенка или формула.
Професорката Ружа Ангелеска му рече можи да си одите. Тие излегоа и комисијата од тројца професори останаа во училница. Ружа вели што да правиме јас и одговорив со ваков одговор овие ученици треба да ја повторуваат годината или во пријавата да му пишиме петки па добро да ги наградиме Таа додека разговараме си ја пишала двојката во записникот без да донесеме одлука што ќе правиме. Ми вели потпиши се. Јас и одговорив јас не се потпишувам на таков записник со оцена двојка што сама си ја пиша ти. Ги зедов записниците од двајцата ученици и излегов. Си заминав од работа изнервирана.
Ми се јавува директорот. Да се вратам со комисијата да дојдите кај мене и да го решиме проблемот со оценката за учениците. Се вратив кај директорот и во канцеларија кај него седнати двајцата колеги. Влегов и директорот ми рече објасни што се случи. Се’ објаснив јас. Директорот почна да повишува глас на мене дека морам да се потпишам јас во записникот каде Ружа ја пишала двојката. Ми рече ти ги притискаш колегите. Ми велеше Ружа Ангелеска рече пиши ја двојката на колку ученици без да знаат му сме пишале двојки. Јас и реков тоа треба да прекине и реков затоа до овде се дојде во образованието.
На тоа директорот ми кажа дека во мене е проблемот и дека морам да го потпишам записникот со два (2). Јас му одговорив дека не го потпишувам оти ние сме професори и ние оценуваме за тоа што кажале учениците, а не со наредба од директор и од колеги во комисија да мора да се пиши. Не пишувам јас одговорив и си заминав дома. Си го напишав отказот затоа што сметам дека образованието е паднато на дното. И дека не е проблемот во учениците туку во професорите и претпоставените лица што наредуваат да мора да се пишат оценки а најповеќе ургенциите од родителите. Тогаш директорот почна да ми вика оти пишувам единици затоа ученици немаме.
А јас му одговорив: да ве прашам директоре како претпоставен дали вие се запрашавте што стана со 200 единици што беа пишани на полугодие на ниво на цела гимназија за на крај да останат само три единици кај Манческа, Значи сите добри а Манческа најлоша. За на крај да ми кажи Ружа (колешката) дека не смееме да пишуваме единици не смееме да повторуваме ученици. А, што да правиме тие не зинуваат и еве јас предлагам затоа наместо 2 подобро да ги наградиме со 5. А добрата професорка Ружа во текот на цела година пишува единици за на крај на 8 јуни да биди добра и да ги поправи сите и да нема оставено на полагање и да се сили и да ми кажи многу други не зинале пак сме му пишале. Е тука е проблемот ако не знаат тогаш треба добро да се наградат со 5 а ако не се сложува комисијата тогаш нека си повторат година. Па следна година можи нешто ќе прочитаат за една двојка. Од секогаш имало и повторување на ученици и пишување на единици. Ако не смееме да пишуваме единици тогаш да почнеме да оценуваме од двојка или на сите да му пишуваме петки…“
Од горенаведеното за ова прилепска гимназија „Мирче Ацев“ ништо ново. Имам пишувано и објавена колумна на ден 12.јуни 2024 година, и објавена во мојата книга „ МАКЕДОНСКА ИНСТИТУЦИОНАЛНА ОБЛАЧНОСТ“ (КОЛУМНИ 2023-2024), колумната носи наслов:
ОБРАЗОВАНИЕТО Е НА РАБОТ НА СРАМОТ
(Ја доставувам во целост колумната за да не се заборави)
Во ова мое пишување нема да бидат (актуелните) државните матурски испити, како се споведуваат, препишувања, „вибер групи“ кои се виновни: дали учениците, наставниците, тестаторите, контролорите или образовниот систем – знаењата и незнањата на учениците и слично. Таа анализа ја оставам за некоја од наредите колумни, со поконкретни согледувања и констатации.
Оваа колумна што ја пишувам ќе биде посветена на барање, а добиен на мојот мајл од страна на загрижени наставници, вработени во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, а кои истакнуваат:
До кога вака?!
Ако јавно се прокламираме како заинтересирани да ги решаваме проблемите кои толку многу се насобраа во секој сегмент од општествениот и јавен живот, а воедно се е од ОПШТ ИНТЕРЕС на граѓаните на Република Македонија, ДО КОГА СЕКОЈ ЌЕ СИ ГИ ТУМАЧИ ЗАКОНИТЕ ПО СВОЈ ТЕРК-ШАБЛОН?
До кога ќе се монтираат случаеви во интерес на поединци, а не општ интерес и до кога некои лица, родители на ученици, менаџери на јавни институции, директори и функционери ќе си земаат за право да ги користат сите бенифиции од општ интерес, а сите преостанати да се само послушници и тоа на некомпетентни личности.
Срам во образованието
Една од највиталните инcтитуции од која произлегуваат сите други професии во секоја држава е образованието. ОБРАЗОВАНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Е НА РАБОТ ОД СТРАМОТ КАДЕ СЕКОЈ ШТО МОЖЕ СИ ЗЕМА ЗА ПРАВО ДА МЕНАЏИРА СО КОЈ САКА И КАКО САКА, А НЕ КАКО ТРЕБА.
Што се случува и што искажуваат загрижените наставници
„Како може директорката на Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, Весна Михајловска заедно со педагогот, Светлана Барлакоска да си дозволи да бараат од колега да ги напиши единиците во двојки со образложение дека „гимназијата затоа ќе немала деца, и заради него нема да се запишувале децата во училиштето“. Тоа што нема деца во училиштата е затоа што заминале сите од неправдите што се случуваат во секој сегмент па и во обрзованието. Детето било од овој, од оној, татко му бил функционер или не знам што. Па оценките се награда на знаењето на детето, а не слика, дали родителите биле функционери или нешто слично.
Дали е тоа работата на директор воопшто, па и на директорката на Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, или пак работа на педагог. До кога пазарење за оценки? Морало да се со сите петки, морало да се немало единици за да немало деца, па ќе немало доволно часови. Па, да ќе нема деца, кога не се нуди квалитет. Со кревање на раце се поправаат оценки без да се води сметка дали нешто знаел ученикот или не. Место родителите да се борат за да научат нивните деца тие се борат за оценки.
Што истакнуваат наставниците од ова средно училиште?
За напред наведеното побарав исказ и од некои наставници, вработени во гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп, тие меѓу другото, истакнуваат дека станува збор за се’ поголемиот притисок во работата и функционирањето на наставниот кадар, а не на компетенциите. Секој родител го посакува најдоброто за своето дете, но исто така и „најлошиот учител“ е подобар од никаков (со исклучок на поединци) затоа што не постои учител да му пиши лоша оценка на некој што знае, а и одлична оценка на некој што ништо не знае. Но за жал, истакнуваат, дека се’ се’ почести случаеви што директно и индиректно допираат во срцето на секој од инволвираните. Се пореметува работата на наставниот кадар, се пореметува мотивот и инспирацијата кај учениците и нивните родители, затоа што се повеќе при исти вредности постојат различни критериуми за вреднување што воедно ги фрустрира повеќето од засегнатите страни.
Што станаа училишните-наставничките совети?
До кога советите на крај на година ќе бидат состаноци во кој професорите ќе се тормозат по цели денови и ќе се дискутира исклучиво на кој да му се поправела некоја оценка. Зар тоа е единствена работа на советот? И по кој основ се одлучува да се поправи оценката без никаков аргумент, освен да бидел одличен некој, или да бил со сите петки, или да не останел на право или пак да немало единици за да не не се запишеле ученици???? Совесно е ова? Срамно? Има ли зборови што е?
Со што се занимава наставниот кадар и менаџерите?
Наместо наставниот кадар и менаџерите на ваквите институции да се занимаваат со креативни практики и усовршување на наставно-научниот процес во 21- ви век се поголем е притисокот во само докажување за лични интереси, импонирање на поедини структури во секаква смисла, а притоа се почест случај на дискриминирање и мобинг на лицата кои не се вклопиле во ваквите извитоперени вредности. Дали и тие се помалку наставен кадар кој има интигритет да се спротистави на некои од овие девијации треба да си дозаминат и откажат?!
Имено, денес и последниве денови од наставната година повеќето од наставниот кадар се под притисок на секаков вид на мобинг, не смо од надворешни лица, туку, и од страна на некои од директорите ???!!!
На моето прашање до директорката на гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, Весна Михајловска, за исказите на загрижените наставници, за вршење на притисоци, мобинг и заплашување со повикување на некакви просветни инспектори и слично, од нејзина страна и педагогот, истата ги „негира и дека не е точно“.
Тогаш што останува?
Останува за многу прашања и за одговори да даде Градоначалникот на Прилеп!!! На потег сте градоначалниче!!!
Дали во Македонија еднаш ќе можеме да си погледнеме искрено в очи и да си ја признаеме горката вистина и да кажеме: ДОСТА Е ЛУЃЕ, ДОСТА Е!!!!!!!

