ВЕЛЕС ВЕЧЕРВА СЕ ОБЕДИНУВА ЗА ХУМАНА ЦЕЛ Концерт за поддршка на лицата со церебрална парализа

Во „Спарта Ивент Центар“ од 20 часот ќе настапат Starboy & Friends, а со влезница од 300 денари граѓаните ќе придонесат за подигнување на свеста и поддршка на лицата со церебрална парализа.

ВЕЛЕС ВЕЧЕРВА СЕ ОБЕДИНУВА ЗА ХУМАНА ЦЕЛ Концерт за поддршка на лицата со церебрална парализа
Фото: Принтскрин

Во Велес вечерва ќе се одржи хуманитарниот концерт „Together for a Better Tomorrow – Заедно за подобро утре“, посветен на поддршката на лицата со церебрална парализа.

Настанот ќе се одржи во „Спарта Ивент Центар“, со почеток во 20:00 часот, а присутните ќе имаат можност да уживаат во настапот на Starboy & Friends и истовремено да придонесат кон една благородна иницијатива.

Целта на концертот е подигнување на јавната свест за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат лицата со церебрална парализа, како и испраќање порака за еднакви можности, достоинство и подобар живот за сите.

Влезницата чини 300 денари, а концертот ќе трае до полноќ.

Организаторите ги повикуваат велешани и сите хумани граѓани да бидат дел од настанот и преку своето присуство да дадат поддршка на оваа важна иницијатива.

Кога музиката обединува, хуманоста создава подобро утре.

CATEGORIES
Share This