УШТЕ ЕДЕН СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Бројот на починати се искачи на пет

73-годишен пациент од Ново Лисиче почина по 22 дена лекување на Клиниката за инфективни болести; Цана вели дека речиси секојдневно се хоспитализираат нови пациенти.

УШТЕ ЕДЕН СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Бројот на починати се искачи на пет
Фото: Принтскрин

Во Македонија е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска. Информацијата денеска ја соопшти директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана.

Станува збор за 73-годишен пациент од скопската населба Аеродром, односно Ново Лисиче, кој имал тешка клиничка слика и сериозни придружни заболувања што дополнително придонеле за неповолниот исход.

„Пациентот беше 22 дена на Клиниката и уште од приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ставен на респираторна поддршка“, изјави Цана.

Со последниот случај, бројот на починати лица од западнонилска треска во земјава се искачи на пет.

Цана информираше дека речиси секојдневно се примаат нови пациенти со симптоми на инфекцијата, а во моментов на Клиниката се хоспитализирани околу 20 до 21 лице.

CATEGORIES
Share This