ТАЕН РУСКИ ПЛАН ВО СРЦЕТО НА ГЕРМАНИЈА Откриен магацин со оружје за наводни ликвидации

Германските безбедносни служби откриле скриен арсенал во шума кај Берлин, а оружјето се поврзува со руската разузнавачка служба.

ТАЕН РУСКИ ПЛАН ВО СРЦЕТО НА ГЕРМАНИЈА Откриен магацин со оружје за наводни ликвидации
Фото: Принтскрин

Германските безбедносни служби минатата година откриле пиштоли скриени во професионално изграден магацин во шума во близина на Берлин, за кои постојат сомневања дека биле наменети за извршување атентати во име на руската разузнавачка служба, објавува „Зидојче Цајтунг“.

Според весникот, магацинот бил лоциран на изолирана локација на границата меѓу Берлин и Бранденбург. Се претпоставува дека агенти на Германската федерална канцеларија за заштита на уставот (BfV) добиле конкретни информации за местоположбата на скриениот магацин.

Информациите на „Зидојче Цајтунг“, „НДР“ и „ВДР“ укажуваат дека BfV открила тајно складиште со оружје за кое се верува дека било поврзано со руската разузнавачка служба. Германските власти се сомневаат дека оружјето можело да биде наменето за операции со атентати.

CATEGORIES
Share This