МУРТЕЗАНИ СЕ СЕЛИ ВО НАТО Министерот за европски прашања презема нова важна функција

Со порака „Нова задача, иста одговорност“, Муртезани најави дека како постојан претставник на Македонија во НАТО ќе работи на зајакнување на позицијата на земјата и нејзиниот придонес во Алијансата.

МУРТЕЗАНИ СЕ СЕЛИ ВО НАТО Министерот за европски прашања презема нова важна функција
Фото: Принтскрин

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе ја преземе функцијата постојан претставник на Македонија во НАТО. Веста ја објави самиот Муртезани преку социјалните мрежи, најавувајќи ново професионално поглавје во својата кариера.

Тој посочи дека новата функција претставува продолжување на неговата посветеност кон зајакнување на позицијата на Македонија во евроатлантското семејство.

„Нова задача, иста одговорност“, напиша Муртезани.

Тој додава дека негов приоритет ќе биде Македонија да биде безбедна држава, сигурен сојузник и земја со свој глас и активен придонес во НАТО.

Според него, во време кога безбедноста не може да се зема здраво за готово, членството во НАТО не носи само привилегии, туку и одговорност.

„За мене, ова е ново професионално поглавје, но во исто време и продолжување на истата посветеност – Македонија да биде безбедна, сигурен сојузник и држава што има свој глас и придонес во евроатлантското семејство“, истакна Муртезани.

CATEGORIES
Share This