СКОПЈЕ ДЕНЕС БЕЗ СТРУЈА И ВОДА Проверете дали сте меѓу погодените
Технички зафати ќе остават делови од Сопиште и Ѓорче Петров без електрична енергија, а прекин во водоснабдувањето ќе има во Чаир и Топанско Поле.

Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска (19.08) дел од корисниците во општините Сопиште и Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија.
Во периодот од 08:30 до 13:00 часот, прекин ќе има на улицата „Христо Татарчев“, во близина на автопералната во Општина Сопиште, додека од 11:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „Александар Мартулков“ во Општина Ѓорче Петров.
Во меѓувреме, дел од корисниците во Општина Чаир и населбата Топанско Поле ќе останат без вода поради промена на шибер Ф-250 милиметри на улицата „Џон Кенеди“, на раскрсницата со улицата „Лазар Трповски“.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, повикувајќи се на информација од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот во водоснабдувањето започнува во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите.

