РУСИТЕ ОСВОИЈА НОВИ ДВЕ СЕЛА, КИМ СО ЧЕСТИТКА ДО ПУТИН Горд сум на нашата броба
Москва соопшти дека руските сили зазеле две населени места во Украина, а севернокорејскиот лидер испрати порака со силна поддршка за Путин.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили зазеле две населени места во Украина – Першомаривка во Донецкиот регион и Кудиевка во Харковскиот регион, објави ТАСС.
Во меѓувреме, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун испрати порака до рускиот претседател Владимир Путин во која ја истакна блиската соработка меѓу Москва и Пјонгјанг. Ким порача дека двете земји создале цврста основа за натамошно унапредување на билатералните односи и изрази гордост поради, како што ја опиша, заедничката борба за правда.
„Уште еднаш го изразувам моето цврсто верување дека, под ваше мудро водство, братската армија и народот на Русија ќе го бранат суверенитетот, безбедносните интереси и територијалниот интегритет на земјата и сигурно ќе ја исполнат светата задача за градење моќна Русија“, навел Ким во одговорот на честитката од Путин.
Севернокорејскиот лидер му се заблагодарил на рускиот претседател за честитката по повод 81-годишнината од ослободувањето на Кореја. Тој потсетил и на улогата на советските војници во борбите против заедничкиот непријател.
„Светата историја на ослободувањето на нашата татковина ги бележи брилијантните подвизи на војниците на Црвената армија кои храбро се бореа во светата битка против заедничките непријатели“, се наведува во телеграмата објавена од севернокорејската агенција.
Претходно беше објавено дека Ким добил честитки и од заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, по повод националниот празник на Северна Кореја.

