ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ЗА ТЕТОВСКАТА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА Пресудата на 16 мај

Пожарот во тетовската модуларна болница избувнал на 8 септември 2021 година, кога во само неколку минути животот го загубиле 14 лица.

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ ЗА ТЕТОВСКАТА МОДУЛАРНА БОЛНИЦА Пресудата на 16 мај

Во Основниот суд во Тетово денеска се изречени завршни зборови за случајот со модуларната болница, во кој по вторпат се суди на поранешните директори на Клиничката болница Тетово, Флорим Бесими и Артан Етеми, како и за правното лице Клиничка болница Тетово. Очекувањата се насочени кон нова пресуда која ќе следи на 16 мај во 12 часот.

Представникот на Обвинителството во текот на завршните зборови посочи дека со изведените материјални и вербални докази и сведочења, обвинетите ги сториле кривичните дела, повикувајќи се на обврската да обезбедат противпожарни апарати, што не било испочитувано согласно прописите. Обвинителот побара судот да ги прогласи за виновни.

Одбраната на обвинетите, пак, изнела свои аргументи. Адвокатот на Флорим Бесими нагласи дека, како директор, во договорот за менаџирање не бил обврзан да поставува противпожарни апарати, ниту се потпишал на записникот за прием на модуларната болница. Тој побара од судот ослободителна пресуда за неговиот клиент.

Слично, адвокатот на Артан Етеми истакна дека Обвинителството не успеало да докаже причинско-последичен тек кој би ја потврдил вината на неговиот клиент, па побара и за него ослободителна пресуда.

Сите обвинети, вклучувајќи го и претставникот на Клиничка болница Тетово, се согласија со завршните зборови на своите адвокати и побараа ослободување од одговорност. Судијата Реџеп Муса нагласи дека пресудата ќе биде изречена на 16 мај.

ПОбвинетите се товарат за тешки дела против општата сигурност, при што не се бара одговорност за причината на пожарот, туку за последиците кои ги предизвикал. Пожарот во тетовската модуларна болница избувнал на 8 септември 2021 година, кога во само неколку минути животот го загубиле 14 лица.

Во истрагата учествувале и германски истражители, кои утврдиле дека пожарот бил предизвикан од продолжен кабел за струја на кој биле приклучени дефибрилатор и полнач за мобилен телефон.

CATEGORIES
Share This