19-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ЗАГИНА ВО СООБРАЃАЈКА КАЈ ТУРНОВО Возачот имал 1,75 промили

Во несреќата учествувале „сеат леон“ и мотоцикл, а возачот на автомобилот е лишен од слобода.

19-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ЗАГИНА ВО СООБРАЃАЈКА КАЈ ТУРНОВО Возачот имал 1,75 промили
Фото: Принтскрин

Деветнаесетгодишна девојка го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа, околу 23:30 часот, се случила на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атарот на село Турново.

Во несреќата учествувале патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Б. (29) од Струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од А.Д. (19) од село Иловица.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала 19-годишната К.Ј., сопатничка на мотоциклот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Возачот на мотоциклот, А.Д., се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.

На местото на несреќата извршиле увид јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. При алкотестирањето на возачот на „сеатот“ било утврдено присуство на 1,75 промили алкохол во крвта.

Возачот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција. Полицијата продолжува со расчистување на околностите под кои се случила несреќата.

CATEGORIES
Share This