ДОБРА ВЕСТ ЗА ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА Зголемени странски посетители

Во периодот јануари - март 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 10,6% во споредба со истиот период од претходната година.

ДОБРА ВЕСТ ЗА ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА Зголемени странски посетители

Во март 2025 година, земјава евидентираше вкупно 70.902 туристи, при што 22% биле домашни, а 78% странски туристи, според податоците од Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во март изнесувал 132.015, од кои 28% биле од домашни туристи, а 72% од странски.

Во периодот јануари – март 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 10,6% во споредба со истиот период од претходната година.

Сепак, бројот на домашни туристи се намалил за 9,2%, додека бројот на странски туристи забележал значително зголемување од 21,9%.

Во однос на ноќевањата, вкупниот број е зголемен за 9,1%, при што домашните туристи забележале намалување од 7,8%, а странските се зголемиле за 21,7%.

CATEGORIES
Share This