ТЕХЕРАН ТВРДИ: САД ПОВТОРНО ПОГРЕШНО ПРЕСМЕТАЛЕ Овојпат грешката е уште поголема

Аракчи тврди дека слабите разузнавачки податоци стојат зад погрешните проценки на Вашингтон во конфликтот со Техеран.

ТЕХЕРАН ТВРДИ: САД ПОВТОРНО ПОГРЕШНО ПРЕСМЕТАЛЕ  Овојпат грешката е уште поголема
Фото: Принтскрин

Американските власти направиле сериозни погрешни проценки во конфликтот со Иран поради, како што тврди Техеран, слабите разузнавачки податоци, а сега направиле уште поголема „грешка во пресметката“ околу Хормутскиот теснец, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи.

„САД долго време прават грешки поради слабостите во разузнавачките служби. Војната со Иран е јасен пример за тоа. Сега, во ситуацијата околу Хормутскиот теснец, направија уште поголема погрешна проценка“, напиша Аракчи на платформата X.

Тензиите во регионот дополнително ескалираа откако американскиот претседател го прогласи за неважечки договорот за прекин на огнот со Техеран, постигнат на 18 јуни. Потоа американските сили започнаа серија напади врз цели во Иран. Од американската Централна команда соопштија дека нападите биле одговор на наводни провокации против цивилни бродови што транзитирале низ Ормутскиот теснец.

Иранската војска возврати со напади врз американски бази во неколку земји на Блискиот Исток, додека Техеран го обвини Вашингтон дека го прекршил договорот за прекин на огнот. Во меѓувреме, Вашингтон и Техеран, со посредство на неколку земји од Блискиот Исток, во последните недели водат дипломатски напори за постигнување нов договор со кој би се ставил крај на конфликтот.

CATEGORIES
Share This