МВР ТРГНА ПО ОНИЕ КОИ ЈА КРЕНАА ПАНИКАТА ВО СКОПЈЕ Еве што ширеле за водата

Повеќе лица се повикани на информативен разговор по пораки дека во скопскиот водовод била пронајдена ешерихија коли.

МВР ТРГНА ПО ОНИЕ КОИ ЈА КРЕНАА ПАНИКАТА ВО СКОПЈЕ Еве што ширеле за водата
Фото: Принтскрин

Повеќе лица се повикани на информативен разговор во полициска станица, откако преку социјалните мрежи и апликациите за комуникација во текот на вчерашниот ден ширеле пораки дека во водата од скопскиот градски водовод е пронајдена бактеријата ешерихија коли.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Секторот за компјутерски криминал презема мерки за утврдување на профилите од кои биле испраќани спорните пораки.

„Секторот за компјутерски криминал при МВР презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат профилите на лицата и истите се повикуваат на информативен разговор. По завршување на истражните дејствија соодветно ќе ја информираме јавноста“, велат од МВР.

Во меѓувреме, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на вчерашната вонредна прес-конференција увери дека водата во главниот град е безбедна за пиење.

Тој категорично посочи дека во водата од скопскиот водовод нема ешерихија коли, ниту други бактерии, со што ги отфрли информациите што се ширеа на социјалните мрежи.

CATEGORIES
Share This