ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ Пронајден починат оперативниот директор на „Алсат“
Повеќе детали за случајот се очекуваат по официјалното соопштение на полицијата и завршувањето на истрагата и обдукцијата.

Лирим Хајредини, кој повеќе од 16 години беше оперативен директор на националната телевизија „Алсат“, утрово е пронајден починат во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.
Местото е обезбедено од полицијата, а телото ќе биде предадено на обдукција, која треба да ги утврди околностите и причината за смртта. Засега нема официјална потврда од надлежните институции за причината за смртта. Се очекуваат резултатите од истрагата и обдукцијата.
Хајредини беше долгогодишен менаџер во медиумскиот сектор, со искуство во телевизиска продукција, маркетинг и деловно управување. Пред ангажманот во „Алсат“, работел и во Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Неговото име со години се поврзуваше и со анализи и истражувања за медиумскиот пазар во Македонија, токму во својство на оперативен директор на телевизијата.
Повеќе детали за случајот се очекуваат по официјалното соопштение на полицијата и завршувањето на истрагата и обдукцијата.

