ЈА ЗАГУБИВМЕ ВОЈНАТА СО РУСИЈА Орбан со остри зборови за западната политика

Според него, и покрај очигледниот неуспех, Европа продолжува да дејствува како да е победата сè уште достижна.

ЈА ЗАГУБИВМЕ ВОЈНАТА СО РУСИЈА Орбан со остри зборови за западната политика

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека западната стратегија за конфликтот со Русија доживеала неуспех, истакнувајќи дека никој на Запад не се осмелува јавно да го признае тоа. Според него, целите поставени од Западот, како што се економската изолација на Русија и спречувањето на нејзиното влијание, не се реализирани.

„Никој не се осмелува да го признае тоа, но ја загубивме оваа војна. Руската економија не се распадна, а Русија успеа да го спречи членството на Украина во НАТО“, изјави Орбан на состанокот на претседателите на парламентите на земјите-членки на Европската Унија, како и со претседателот на Европскиот парламент.

Според него, и покрај очигледниот неуспех, Европа продолжува да дејствува како да е победата сè уште достижна. Тој нагласи дека постои јасна промена во менталитетот на западниот свет, на која Европејците, според него, не реагирале соодветно.

„Како да се обидуваме да ги решиме проблемите од следната деценија со одговори од минатата. Старите вистини повеќе не функционираат. Светот се смени, а ние не успеавме да се прилагодиме“, додаде унгарскиот премиер.

Орбан во својата изјава повика на преиспитување на пристапот на ЕУ кон актуелната геополитичка состојба и предупреди дека европската неподготвеност може да има сериозни последици.

CATEGORIES
Share This