ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ДОБИВААТ НОВ ФИНАНСИСКИ ИМПУЛС Владата префрли нови 2,9 милиони евра

Вкупната поддршка достигна 239 милиони евра, а за оваа намена се предвидени уште средства од Буџетот.

ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ДОБИВААТ НОВ ФИНАНСИСКИ ИМПУЛС Владата префрли нови 2,9 милиони евра
Фото: Национал

Министерството за финансии префрли нови 176,5 милиони денари, односно околу 2,9 милиони евра, од централниот Буџет кон Развојната банка. Средствата се наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании.

Со новиот трансфер, вкупната владина поддршка за домашниот приватен сектор достигна 14,7 милијарди денари или околу 239 милиони евра. Оваа финансиска поддршка има за цел да го поттикне инвестицискиот циклус и да придонесе кон дополнителен раст на економската активност.

Во Буџетот за оваа намена се предвидени вкупно 250 милиони евра.

Средствата се пласираат преку Развојната банка и мрежата на домашни деловни банки до крајните корисници – домашните компании. Финансиските средства Владата ги обезбеди од унгарската Експорт-импорт банка, со цел да се поддржат нови инвестиции во приватниот сектор.

Компаниите можат да ги користат средствата под поволни услови, со каматна стапка од 1,95 отсто, рок на отплата до 15 години и грејс-период до три години.

CATEGORIES
Share This