БЕЗ СТРУЈА ДЕНЕСКА ДЕЛОВИ ОД КАРПОШ И ПЕТРОВЕЦ Проверете дали сте меѓу засегнатите
Прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани интервенции.

Фото: Национал
Делови од општините Карпош и Петровец денеска, 12 август 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа.
Според известувањето што „ЕВН Македонија“ го доставило до Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекините ќе се одвиваат во следните термини:
- Од 08:30 до 13:00 часот – во населбата Момин Поток, на улицата „Калош Дани“, без струја ќе останат фирмите „Стил Железо“, „Синтекс“ и „Европа 92“ во општина Карпош.
- Од 09:00 до 13:00 часот – без електрична енергија ќе биде објектот на ОУ „Кочо Рацин“ во Петровец.
- Од 09:00 до 14:00 часот – прекин ќе има во главниот објект на ЈП „Паркови и зеленило“ во општина Карпош.
Од РЦУК Скопје информираат дека прекините се најавени согласно известувањето од „ЕВН Македонија“ АД.
CATEGORIES Македонија

