МИЦКОСКИ НА САМИТОТ МАКЕДОНИЈА 2025 Од минус 200 милиони до економски раст

Сметката на Владата беше негативна, нешто што не се случило дури ни по конфликтот во 2002 година

МИЦКОСКИ НА САМИТОТ МАКЕДОНИЈА 2025 Од минус 200 милиони до економски раст

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на Самитот „Македонија 2025“ истакна дека новата Влада се соочила со сериозни предизвици уште од првиот ден од мандатот, но нагласи дека веќе се испорачуваат првите резултати и оти македонската економија покажува знаци на опоравување.

„Периодов беше исполнет со предизвици, со ситуации што за првпат ни се случуваа – не само нам, туку и на граѓаните. Очекувавме тешка состојба, но она што го затекнавме беше полошо од предвиденото. Сметката на Владата беше негативна, нешто што не се случило дури ни по конфликтот во 2002 година“, изјави премиерот.

Тој откри дека Владата затекнала дефицит од околу 200 милиони евра и дека секојдневно се појавувале нови фискални проблеми. Сепак, подвлече дека фокусот не е на критика кон претходната власт, туку на решавање на проблемите.

Говорејќи за економската состојба, Мицкоски истакна дека клучен приоритет на Владата бил запирање на „слободното паѓање“ на институциите и стабилизација на државата.

„Не можете да имплементирате крупни реформи ако државата не функционира. Нашата цел беше најпрво да стигнеме до состојба нула – стабилна основа врз која ќе можеме да градиме“, објасни тој.

Според него, Македонија веќе се приближува до оваа точка. Премиерот оцени дека економските перформанси се подобри од очекуваното и нагласи дека Светската банка проектирала раст од 1,8 проценти за 2024 година, додека реалниот раст достигнал 2,8 проценти, со натамошни подобрувања во трет и четврт квартал.

За првиот квартал од 2025 година, премиерот најави раст од 3,5 до 4 проценти, што, како што рече, би го позиционирало македонскиот БДП меѓу водечките во Европа.

„Нашата економија има потенцијал и веќе го докажува тоа“, заклучи Мицкоски.

CATEGORIES
Share This