ГРЦИЈА ВОВЕДУВА НОВ ТУРИСТИЧКИ ДАНОК: Што треба да знаат македонските туристи ова лето

Грчките власти воведоа дополнителен надоместок за престој и за патници од крстосувачки бродови, со цел да се заштитат културното наследство и инфраструктурата од ефектите на масовниот туризам. Овие мерки ќе важат и за македонските туристи, кои традиционално во голем број летуваат во Грција.
Данок за престој (по сместувачка единица / по ноќ)
Главна сезона (април–октомври):
-
Хотели 1–2 ѕвезди: 2 евра
-
Хотели 3 ѕвезди: 5 евра
-
Хотели 4 ѕвезди: 10 евра
-
Хотели 5 ѕвезди: 15 евра
-
Апартмани, Airbnb, соби: 8 евра
-
Куќи/вили >80 м²: 10 евра
Надвор од сезона (ноември–март):
-
Хотели 1–2 ѕвезди: 0,50 евра
-
Хотели 3 ѕвезди: 1,50 евра
-
Хотели 4 ѕвезди: 3 евра
-
Хотели 5 ѕвезди: 4 евра
-
Апартмани, соби: 0,50 евра
-
Куќи/вили: 4 евра
Важно: Данокот се наплаќа по соба/единица, не по лице.
Данок за патници од крстосувачки бродови:
-
Санторини и Миконос: 20 евра по лице, по ден
-
Останати острови и Атина: 5 евра по лице, по ден
Овие давачки ќе се наплатуваат директно на сместувањето или при пристигнување на дестинацијата. Туристите се советуваат да се информираат однапред и да ги вклучат овие трошоци во својот буџет.


