АХМЕТИ МУ РЕКОЛ НА ГРУБИ: ЌЕ ОДГОВАРАШ АКО СИ ЗЛОУПОТРЕБИЛ Груби му возвратил: Работев чесно
Ахмети вели дека побарал Груби да се врати во Македонија и да одговара доколку ја злоупотребил неговата доверба, додека Груби тврди дека работел чесно.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за РТВ21 во Приштина изјави дека лично побарал од Артан Груби да се врати во Македонија и да се соочи со институционалната постапка доколку ја злоупотребил неговата доверба.
Ахмети порача дека очекува правдата да биде вистинска и неселективна, без оглед на тоа за кого станува збор. Тој истакна дека Груби му ветил оти работел чесно, но доколку истрагата утврди спротивно, треба да ја преземе одговорноста.
„Ако си ја злоупотребил мојата доверба, одговарај за тоа“, му рекол Ахмети на Груби, пренесува РТВ21.
Според лидерот на ДУИ, тој јавно инсистирал Груби да се врати и да може да одговори пред институциите, но истовремено нагласил дека не сака селективна правда.
Ахмети изрази надеж дека Груби ќе биде ослободен од домашен притвор и дека постапката ќе продолжи во рамките на институциите.
„Тој се заколна дека ќе работи чесно. Единственото нешто што ми го кажа беше: Работев чесно“, изјави Ахмети.
Лидерот на ДУИ додаде дека смета оти постапката се движи во добра насока и дека останува да се види како ќе продолжи случајот.

