ОД 16 НА 8 ЗРАЦИ Како Македонија го смени своето знаме само три години по независноста

Пред 34 години Македонија ги утврди знамето и химната како официјални државни симболи.

ОД 16 НА 8 ЗРАЦИ Како Македонија го смени своето знаме само три години по независноста
Фото: Национал

На 11 август 1992 година, во периодот непосредно по прогласувањето на независноста, Собранието ги утврди два од најзначајните симболи на новата македонска држава – државното знаме и химната „Денес над Македонија“.

Со Законот за знамето, усвоен на истиот ден, беше определено знамето да има црвена основа и златно-жолто сонце со вкупно 16 зраци – осум основни и осум споредни. Законот беше објавен во „Службен весник“ на 12 август 1992 година.

Ова знаме остана во употреба во првите години од независноста и стана еден од препознатливите симболи на државата. Неговата употреба заврши во 1995 година, кога беше усвоено денешното знаме – црвена подлога со златно-жолто сонце и осум зраци кои се протегаат до рабовите.

За разлика од знамето, државната химна усвоена во 1992 година остана непроменета.

„Денес над Македонија“, со текст на Владо Малески и музика на Тодор Скаловски, и пред независноста била користена како химна на Македонија. На 11 август 1992 година нејзиниот статус официјално бил потврден како химна на независната држава.

Усвојувањето на државните симболи беше дел од процесот на институционално заокружување на независноста, кој започна по референдумот од 8 септември 1991 година и продолжи со донесувањето на новиот Устав во ноември истата година.

CATEGORIES
Share This