МИЦКОСКИ МУ ПОСАКА СРЕЌА НА ТАРАВАРИ Не очекувал да заврши кај Ахмети
Мицкоски изрази разочараност, велејќи дека најмалку што очекувал е Таравари да се приближи до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека следната недела ќе го покани претседателот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, за да му посака среќа по последните случувања во односите меѓу двете партии.
Мицкоски изрази разочараност, велејќи дека најмалку што очекувал е Таравари да се приближи до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Не сите во Алијансата мислат како Таравари. Ќе видиме што ќе донесе времето“, изјави Мицкоски, не прецизирајќи дали ќе биде прекината соработката со целата партија или постои можност дел од функционерите на АА да останат дел од владејачката коалиција.
Изјавата доаѓа еден ден по отворањето на новите простории на АА во Скопје, каде Таравари јавно соопшти дека меѓусебната доверба со партнерите во Владата е сериозно нарушена и дека е подобро неговата партија да премине во опозиција. Тој ги отфрли шпекулациите за приклучување кон Европскиот фронт, нагласувајќи дека засега единствената одлука е да настапат со сопствени листи на претстојните локални избори.
Политичката сцена останува во исчекување на следните чекори од двете страни, додека се заострува риториката меѓу долгогодишните партнери.


