ВРЕМЕТО ДЕНЕС СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ И ПОЛАДНЕВНИ ВРНЕЖИ – Нестабилно време низ државата
Температурите ќе се движат во интервал од 17 до 25 степени Целзиусови.

Денеска (11.05) времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, информираат од Управата за хидрометеорологија. Попладневните и вечерните часови ќе донесат нестабилност на повеќе места, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Температурите ќе се движат во интервал од 17 до 25 степени Целзиусови.
И во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови, во делови од котлината се очекува појава на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а максималната температура ќе достигне до 25 степени.
CATEGORIES Македонија


