(ВИДЕО) БАЧЕВ ПОТСЕТИ НА СЦЕНА ОД ПРЕД 25 ГОДИНИ Андов го отстрани Симев, денес сите избегаа пред Села

Претседателот на „Единствена Македонија“ направи паралела меѓу случувањата од 2001 година и денешната ситуација во Собранието.

(ВИДЕО) БАЧЕВ ПОТСЕТИ НА СЦЕНА ОД ПРЕД 25 ГОДИНИ Андов го отстрани Симев, денес сите избегаа пред Села
Фото: Принтскрин

Професорот и претседател на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, преку објава на Фејсбук направи споредба меѓу блокирањето на собраниската говорница од страна на Зијадин Села и случувањата во Собранието пред 25 години, кога пратеникот и член на Извршниот комитет на Единствена Македонија, професор Вангел Симев бил отстранет од собраниската говорница.

-„Денеска Зијадин Села како шериф ја блокира собраниската говорница, не смеат да му викнат обезбедување и не се најде асален македонски пратеник да тропне како што треба, туку сите пратеници понизно избегаа од салата. Пред 25 години Стојан Андов се силеше кон пратеникот Вангел Симев член на Извршниот комитет на Единствена Македонија, кога сакаше да го искаже својот став зошто ќе гласа против рамковниот договор и се спротистави на предавството на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски. А како што гледате во краткото видео пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ку*вински се смеат и се ситат на предавството што го изгласаа со рамковниот договор. Две различни сцени со македонски и албански пратеник, ама вината да не ја бараме во Албанците!? – напиша Бачев на фејсбук.

Погледнете во краткото видео:

CATEGORIES
TAGS
Share This