ПИЈАН ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО ДВОРОТ, ОГНОТ СТИГНАЛ ДО УЛИЦАТА Уапсен 63-годишен струмичанец

Полицајците го забележале додека го предизвикувал пожарот во Габрово, а дрегерот покажал дури 2,04 промили алкохол – интервенирале пожарникари, нема повредени.

ПИЈАН ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАР ВО ДВОРОТ, ОГНОТ СТИГНАЛ ДО УЛИЦАТА Уапсен 63-годишен струмичанец
Фото: Принтскрин

63-годишен жител на Струмица, кој престојувал во селото Габрово, бил лишен од слобода откако предизвикал пожар во својот двор, а огнот се проширил и кон улицата на која живее.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил синоќа околу 22 часот. Полициски службеници од СВР Струмица го забележале Б.К. како предизвикува пожар во дворното место.

На местото интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струмица, која го локализирала и изгаснала пожарот. Во инцидентот нема повредени лица.

Мажот бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица. При извршеното алкотестирање било утврдено присуство од 2,04 промили алкохол во крвта.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосното документирање на настанот, од МВР најавуваат дека против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

CATEGORIES
Share This