ФАТИ ВЕСЕЛИ БЛЕСНА НА ТУРНИРОТ МАКЕДОНСКИ БИСЕР Злато за домашниот шампион

Турнирот „Македонски бисер“ и натаму останува еден од најзначајните спортски настани во боречките вештини во регионот, поттикнувајќи младите таленти и градејќи мостови на пријателство преку спортот.

ФАТИ ВЕСЕЛИ БЛЕСНА НА ТУРНИРОТ МАКЕДОНСКИ БИСЕР Злато за домашниот шампион

Со свечено затворање денес заврши 49. издание на престижниот меѓународен боречки турнир „Македонски бисер“, кој и оваа година понуди возбудливи борби и силна конкуренција.

Победничкиот пехар го понесе македонскиот борач Фати Весели, кој се закити со титулата севкупен победник на турнирот.

На турнирот, кој се одржа во присуство на голем број спортски ентузијасти, беа доделени и посебни признанија.

За најдобар домашен борач беше прогласен Реџеп Хајдари, додека титулата најдобар странски борач му припадна на Георги Иванов од Бугарија, актуелен европски шампион до 23 години.

Ова издание на „Македонски бисер“ собра учесници од седум држави – Македонија, Бугарија, Косово, Албанија, Грција, Србија и Хрватска, со што уште еднаш се потврди меѓународниот карактер и угледот на турнирот. Македонската репрезентација настапи со две екипи, А и Б состав, а борбите беа оценети како технички квалитетни и спортски фер.

Турнирот „Македонски бисер“ и натаму останува еден од најзначајните спортски настани во боречките вештини во регионот, поттикнувајќи младите таленти и градејќи мостови на пријателство преку спортот.

CATEGORIES
Share This