ПАДНА ПРВИОТ ПРЕДЛОГ, СУДСКИОТ СОВЕТ ИЗБРА НОВ ШЕФ НА АПЕЛАЦИЈА Герасимовски доби убедлива поддршка
Тања Милева не ја доби довербата на Судскиот совет, по што со девет гласа за в.д. претседател беше избран Зоран Герасимовски.

Зоран Герасимовски е избран за вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје, откако на седница на Судскиот совет доби поддршка од девет членови. Против неговиот избор гласаа двајца членови на Советот.
До неговото именување дојде откако претходниот предлог Тања Милева да ја преземе функцијата не доби потребно мнозинство. За неа гласаа само двајца членови на Судскиот совет, додека останатите се изјаснија против.
Со оваа одлука, Герасимовски ќе ја извршува функцијата вршител на должност претседател на Апелациониот суд Скопје сè до изборот на нов претседател во редовна постапка.
Герасимовски има долгогодишно судиско искуство. Во 2005 година е избран за судија во Основниот суд Тетово, а од 2017 година е судија во Апелациониот суд Скопје. Во 2022 година беше избран за член на Судскиот совет од редот на судиите, но една година подоцна поднесе оставка, образложувајќи дека поради несогласувањата во работата на Советот смета дека може да придонесе повеќе како апелационен судија.

