ЖЕШКО ЛЕТО Температурите денеска до 38 степени
Високите температури и засиленото УВ-зрачење продолжуваат и денеска.

Фото: Национал
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 12 до 38 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје се очекува сончево и топло време со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне 35 степени Целзиусови. Воздушниот притисок ќе изнесува 986 хектопаскали, влажноста 25 отсто, а ветерот ќе дува со брзина од 2 метри во секунда. УВ-индексот ќе биде 8.
CATEGORIES Македонија

