ФАБРИЦИО РОМАНО СО „HERE WE GO“ Манчини се враќа на клупата на Италија
Човекот кој ја одведе Италија до европската титула во 2021 година повторно се враќа на местото каде што ги постигна најголемите успеси

Роберто Манчини повторно ќе ја предводи италијанската фудбалска репрезентација, тврди познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо.
Романо, препознатлив по фразата „Here we go“, објави дека Манчини постигнал конечен договор со раководството на Италијанската фудбалска федерација. Според најавите, неговото враќање на селекторската функција наскоро треба да биде официјализирано.
Италијанскиот стратег последниот ангажман го имаше во катарскиот Ал-Сад, кој го напушти пред околу месец и половина. Манчини претходно беше селектор на Италија од 2018 до 2023 година, период во кој го оствари најголемиот успех во својата репрезентативна кариера.
Во 2021 година тој ја предводеше Италија до европската титула, откако „Аѕурите“ ја совладаа Англија во финалето на Европското првенство.
Во богатата тренерска кариера, Манчини седеше и на клупата на Интер, Лацио, Фиорентина, Зенит и Галатасарај, а беше и селектор на репрезентацијата на Саудиска Арабија.

