ИМАМ ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА Мицкоски со порака за банкротот и позајмиците

Премиерот ги отфрли тврдењата дека државата е пред банкрот и порача дека средствата ќе бидат вратени во август.

ИМАМ ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ОПОЗИЦИЈАТА Мицкоски со порака за банкротот и позајмиците
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски, во гостувањето во поткастот „Риштази“, ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека државата се соочува со банкрот и дека поради финансиски проблеми се земаат позајмици од М-НАВ и други државни институции.

Мицкоски порача дека државата нема да банкротира, и покрај, како што рече, наследените долгови, незавршените проекти и нефункционалниот систем.

„Имам лоша вест за опозицијата. Велеа во 2024 година дека ќе банкротираме, истото го зборуваа и за 2025 и 2026 година. Им велам дека нема да банкротираме, и покрај тоа што ни оставија долгови, незавршени проекти и руиниран, ограбен и понижен систем“, истакна премиерот.

Во однос на финансиските средства што три државни институции ги обезбедиле за друга државна институција, Мицкоски рече дека станува збор за практика која, според него, била применувана и во минатото.

„Тоа што овие три државни институции ѝ помогнаа на друга државна институција е 256-ти пример во историјата на оваа земја, бидејќи 255 пати во минатото, вклучително и претходната влада, се постапувало на истиот начин“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека средствата што биле обезбедени ќе бидат вратени во август од страна на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

CATEGORIES
Share This