ТОПЛО, НО СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ Еве што носи денешната временска прогноза

Температурите денеска ќе се движат од 13 до 36 степени, а во планинските предели се очекува услови за слаб дожд.

ТОПЛО, НО СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ Еве што носи денешната временска прогноза
Фото: Национал

Денеска времето ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 13 до 36 степени, а во планинските предели локално се очекуваат услови за појава на слаб дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

CATEGORIES
Share This