СЦЕНА КОЈА ГО ПОДЕЛИ ИНТЕРНЕТОТ Хари ѝ се јави на Меган, а гледачите веднаш забележаа нешто

Меган се насмеа штом го виде сопругот на екранот, а нивниот разговор пред камерите предизвика аплаузи, но и сомнежи дека сè било однапред договорено.

СЦЕНА КОЈА ГО ПОДЕЛИ ИНТЕРНЕТОТ Хари ѝ се јави на Меган, а гледачите веднаш забележаа нешто
Фото: Принтскрин

Принцот Хари приреди неочекувано изненадување во австралиското издание на „MasterChef“, откако преку видеоповик ѝ се јави на својата сопруга Меган Маркл додека таа беше гостин-судија во популарното кулинарско шоу. Хари се вклучи во живо за време на епизодата, додека Меган и останатите судии ги дегустираа јадењата на натпреварувачите.

Член на продукцискиот тим ѝ го донел телефонот на Меган и ѝ соопштил дека има повик. Во првиот момент таа изгледала загрижено, но веднаш штом го видела Хари на екранот, се насмевнала.

„Здраво, љубов моја!“, му рекла Меган.

Хари ги поздравил сите во студиото со австралиското „G’day“, што предизвикало смеа кај судиите Пох Линг Јеоу и Софија Левин.

„Мојот сопруг е тука“, им рекла Меган на присутните, покажувајќи го телефонот кон публиката. Следувале аплаузи и извици, додека Хари им мавтал преку екранот.

„Што се случува? Прекинав ли нешто важно?“, се пошегувал тој.

Меган му објаснила дека во моментот ги оценуваат јадењата на натпреварувачите, а потоа му покажала дел од подготвените специјалитети и му раскажала кои најмногу ѝ се допаднале. Таа го запознала Хари и со неколкумина натпреварувачи, меѓу кои Арон Кер, Каспер Кенворти и Петро Папатомас.

„Неверојатно е. Толку се талентирани“, рекла Меган, додавајќи: „Посакуваме да беше тука“.

Меган открила дека Хари во тој момент се наоѓал во Канбера, каде што престојувал со ветерани.

„Продолжете и уживајте. Многу ми е жал што ве прекинав. Овде сè е во ред. Ќе се видиме подоцна“, рекол Хари пред да го заврши повикот.

Снимката од неочекуваното вклучување брзо предизвика реакции на социјалните мрежи. Дел од гледачите моментот го опишаа како симпатичен и искрен, а некои ја пофалија блискоста и поддршката што, според нив, Хари и Меган си ја покажуваат еден на друг. Сепак, имаше и поинакви реакции. Дел од гледачите се посомневаа дека повикот можеби бил однапред договорен и дека сцената била подготвена за потребите на емисијата. На социјалните мрежи се појавија коментари дека моментот изгледал „наместено“ и „неприродно“.

Меган претходно оваа година гостуваше како судија во „MasterChef Australia“, за време на посетата на Австралија со Хари. Според извор за „Page Six“, таа „одлично си поминала“ на снимањето и во работата со Пох Линг Јеоу и останатите судии. Хари и Меган се венчаа во 2018 година и имаат две деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет.

CATEGORIES
Share This