ОД АЕРОДРОМ ДО КРУШЕВО Илинденскиот коњички марш по 48. пат тргнува во чест на Илинден
Горно Лисиче и годинава е почетната точка на коњаниците кои ќе патуваат кон Крушево.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во паркот „Авионче“ присуствуваше на последните подготовки на учесниците на 48. традиционален Илинденски коњички марш, кој и оваа година ќе тргне кон Крушево во чест на Илинден.
Митески на социјалните мрежи информираше дека се сретнал со учесниците на маршот, при што им се заблагодарил за нивната посветеност и за продолжувањето на традицијата која трае со децении.
„Ми беше особено драго што се запознав со овие посветени луѓе и им изразив искрена благодарност што и оваа година, во толку голем број, ја продолжуваат оваа значајна традиција“, напиша Митески.
Тој истакна дека е горд што Општина Аеродром и населбата Горно Лисиче повторно се почетната точка на маршот кон Крушево, посочувајќи дека на овој начин се негува споменот на илинденците и се зачувува духот на македонската историја.


