ЗА САМО ЕДНА ГОДИНА – Порталот „Национал“ надмина 1.000.000 прегледи

Повеќе од 237.000 активни корисници, 2,17 милиони интеракции и просечно 4,29 прегледи по посетител се дел од резултатите со кои порталот ја одбележува својата прва годишнина.

ЗА САМО ЕДНА ГОДИНА – Порталот „Национал“ надмина 1.000.000 прегледи
Фото: Национал

Почитувани читатели,

Со особена чест и благодарност ве известуваме дека порталот „Национал“ одбележува една година од своето постоење и работа. Во изминатите дванаесет месеци останавме доследни на нашата определба за навремено, одговорно и професионално да ја информираме јавноста за најважните случувања во Македонија, регионот и светот.

Резултатите што ги постигнавме во првата година претставуваат најдобра потврда за довербата што ни ја укажаа читателите. Според Google Analytics, порталот во првата година забележа:

  • 1.021.427 прегледи на страници;
  • 237.857 активни корисници;
  • просечно 4,29 прегледи по посетител;
  • просечно време на задржување од 1 минута и 36 секунди;
  • 2,171.471 милиони кориснички интеракции.

Овие бројки не се само статистика и тие претставуваат доказ дека „Национал“ успеа да изгради доверба кај голем број читатели и да се позиционира како препознатлив информативен портал. Овој успех не би бил можен без поддршката од нашите читатели, соработници, автори и сите кои ја препознаа вредноста на независното и професионално информирање. Искрено им благодариме за довербата што ни ја даваат секој ден.

Според анализата на податоците од Google Analytics и Google Search Console, резултатите укажуваат на стабилен раст на порталот, добра читаност, висока лојалност на посетителите и квалитетен ангажман. По успешната прва година, целта на порталот „Национал“ е во наредниот период да ја надмине бројката од два милиони прегледи, да ја прошири читателската публика и да продолжи да се развива како препознатлив, кредибилен и влијателен информативен медиум.

Во периодот што следува ќе продолжиме со уште поголема посветеност да инвестираме во квалитетни содржини, ексклузивни информации, современи дигитални решенија и постојано унапредување на порталот. Нашата цел останува непроменета,  да бидеме брз, точен, објективен и кредибилен медиум во служба на јавниот интерес.

Ви благодариме што сте со нас. Вашата доверба е нашата најголема обврска и најсилен мотив да продолжиме напред.

Редакција на порталот „Национал“

CATEGORIES
TAGS
Share This