ЧЕТИРИ НОВИ ЗАКОНИ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ Големи промени за студентите, факултетите и научниците
Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница, на која ќе се разгледуваат четири законски предлози од областа на образованието и науката.

Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница, на чиј дневен ред се најдоа четири законски предлози што се однесуваат на високото образование, студентскиот стандард и научноистражувачката дејност. Пратениците ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, кој е предложен по скратена постапка.
Во прво читање, на дневен ред се и Предлог-законот за обезбедување квалитет во високото образование и науката, Предлог-законот за научноистражувачката дејност, како и Предлог-законот за високото образование.
Со разгледувањето на овие законски решенија се очекува да започне собраниската расправа за унапредување на системот на високото образование, научноистражувачката дејност и студентскиот стандард. По расправата во Собранието, предлозите ќе продолжат во понатамошната законодавна постапка.


