ИНЦИДЕНТ ВО ЛУКСЕМБУРГ Поради руска песна Урсула фон дер Лајен замина од манифестацијата
Според снимките објавени на Телеграм каналот на организацијата, Фон дер Лајен беше присутна кога започна да се изведува песната на руски јазик, по што кратко време остана на локацијата, внимателно набљудувајќи ја ситуацијата, а потоа го напушти местото.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ненадејно го напушти официјалниот собир во центарот на Луксембург, откако на настанот беше интонирана руската песна „Ден на победата“.
Настанот беше организиран од здружението „Mir d’Vollec“ како дел од комеморативните активности за Денот на Европа. Според снимките објавени на Телеграм каналот на организацијата, Фон дер Лајен беше присутна кога започна да се изведува песната на руски јазик, по што кратко време остана на локацијата, внимателно набљудувајќи ја ситуацијата, а потоа го напушти местото.
Инцидентот привлече внимание со оглед на моменталната геополитичка ситуација и чувствителноста околу руската културна и политичка симболика во рамки на Европската унија.
Премиерот на Луксембург, Лукс Фрејден, кој заедно со фон дер Лајен и португалскиот премиер Антонио Кошта требаше да прошета по планирана рута покрај поставени знамиња, одлучи да се повлече од предвидената агенда по инцидентот.
Досега нема официјален коментар од Европската комисија за причините зад напуштањето на настанот.
https://x.com/i/status/1921052788395483370


