РУСИЈА СО ОСТРА ПОРАКА ДО СКОПЈЕ Ова не е пријателски потег
Рускиот амбасадор Дмитриј Зиков ја критикува одлуката на Скопје да се приклучи кон коалицијата за поддршка на Украина.

Русија преку својот амбасадор во Скопје, Дмитриј Зиков, го коментираше пристапувањето на Северна Македонија кон „Коалицијата на волни“ за поддршка на Украина.
Од руската амбасада оценуваат дека потегот на Скопје е разочарувачки и „во никој случај не може да се нарече пријателски“. Според Зиков, Северна Македонија со приклучувањето презела сериозни обврски кон иницијатива која Москва ја смета за отворено антируска.
Русија повторно предупредува дека евентуалното распоредување воени контингенти во Украина би претставувало странска интервенција и дека тие би биле сметани за легитимни воени цели.
Зиков оценува дека учеството на Северна Македонија во коалицијата не придонесува за мировните напори и не е во интерес на земјата. Тој ја обвини западната политика за притисок врз балканските држави и порача дека Русија останува отворена за соработка со Северна Македонија, под услов на меѓусебно почитување и откажување од антируски дејствија.


