МОСКВА УПАТИ ОСТРА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не можеме да дозволиме НАТО сили во Украина
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека Москва категорично се противи на евентуално распоредување на НАТО контингенти на украинска територија.

Плановите за евентуално распоредување на НАТО контингенти во Украина се неприфатливи за Москва, порача портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не можеме да дозволиме вакви дејствија“, изјави Песков.
Тој нагласи дека руската Специјална воена операција, како што Москва ја нарекува војната во Украина, се спроведува токму со цел да се спречи присуство на сили на НАТО на украинска територија.
Осврнувајќи се на промената на чело на британската влада, Песков оцени дека првите изјави на новиот премиер Енди Бернам, со кои изразил безрезервна поддршка за Украина, Москва ги толкува како сигнал дека Лондон има намера да продолжи со поддршката за Киев.
„Ова е факт што, секако, го земаме предвид“, рече портпаролот на Кремљ.
Песков додаде дека Москва не очекува подобрување на односите со Велика Британија по промената на премиерот. Тој истакна и дека во овој момент не се планирани контакти меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новиот британски премиер.


