ЖЕГА ДО 37 СТЕПЕНИ, ПА НЕВРЕМЕ Метеоролозите најавуваат дожд, грмежи и град
Температурите ќе достигнат до 37 степени, а попладне и навечер следува локално невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можен град.

Фото: Национал
Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 13 до 37 степени.
Во попладневните и вечерните часови се очекува локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места постои услови за изолирано невреме, при што е можна и појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе биде засилен.
Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во делови од Скопската Котлина, се очекува појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија


