НОЌ ШТО ЈА ТРЕСЕ РУСИЈА Стотици дронови во напад, небото осветлено од експлозии

Москва тврди дека воздушната одбрана соборила 381 беспилотно летало, додека се појавија информации за пожари во логистички центри и инфраструктурни објекти.

НОЌ ШТО ЈА ТРЕСЕ РУСИЈА Стотици дронови во напад, небото осветлено од експлозии
Фото: Принтскрин

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили за воздушна одбрана собориле 381 украинско беспилотно летало во периодот од 20 часот на 19 јули до 8 часот наутро на 20 јули по московско време.

Според информациите објавени од руските власти, дроновите биле пресретнати над повеќе руски региони, меѓу кои Белгород, Брјанск, Волгоград, Воронеж, Калуга, Курск, Липецк, Орел, Ростов, Рјазан, Смоленск, Тамбов и Тула, како и над Московскиот регион, Краснодарската област, Крим и водите на Азовското и Црното Море.

Од руското Министерство за одбрана наведуваат дека нападите биле дел од активности на украинските вооружени сили, додека Москва тврди дека како одговор изведува напади насочени кон воени објекти и компании од украинскиот воено-индустриски комплекс со ракетно и беспилотно оружје.

Во исто време, на светските пазари продолжува растот на цените на нафтата, под влијание на геополитичките тензии, вклучително и конфликтите на Блискиот Исток и неизвесноста околу војната меѓу Русија и Украина.

Руски медиуми објавија дека во текот на ноќта биле погодени и запалени одредени логистички објекти и инфраструктурни капацитети во близина на Москва. Меѓу нив се наведуваат логистичкиот центар „Вајлдберис“ во Коледино, со површина од над 200.000 квадратни метри, како и објектот „Јужна порта“ во областа Домодедово.

На социјалните мрежи се појавија снимки од пожари и густ чад, но информациите за обемот на штетата и причините за пожарите не се независно потврдени.

Засега нема потврда од украинска страна за деталите околу нападите.

CATEGORIES
Share This