КАЈ ПАТОТ КОН ГП БЛАЦЕ Пронајдени починати трите исчезнати лица од Косово

Возилото со германски регистарски таблички било пронајдено превртено на патот кон граничниот премин „Блаце“, а во него биле затекнати телата на едно машко и две женски лица.

КАЈ ПАТОТ КОН ГП БЛАЦЕ Пронајдени починати трите исчезнати лица од Косово
Фото: Принтскрин

Трагично заврши потрагата по трите исчезнати лица од Косово, откако синоќа во близина на патот кон граничниот премин „Блаце“ беше пронајдено превртено возило „мерцедес“ со германски регистарски таблички.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски службеници на местото на несреќата затекнале три починати лица – еден маж и две жени. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Претходно истиот ден, во Полициската станица Бит Пазар, државјанин на Косово пријавил исчезнување на три лица. Според првичните информации, тие биле преземени од Меѓународниот аеродром Скопје и се упатиле кон Косово, но никогаш не пристигнале на својата дестинација.

Семејствата на исчезнатите ден претходно преку медиумите и социјалните мрежи апелираа до граѓаните за каква било информација што би помогнала во нивното пронаоѓање. Според нивните објави, тројцата последен пат биле видени во саботата околу 22 часот во Скопје.

Според досегашните сознанија, сообраќајната несреќа се случила на патот кон граничниот премин „Блаце“, непосредно пред тие да ја преминат државната граница. Надлежните институции работат на утврдување на сите околности и причините за трагичниот настан.

CATEGORIES
Share This