КАДИРОВ ИСПРАТИ МОРНИЧАВА ЗАКАНА ДО НАТО Само чекаме наредба од Путин
Чеченскиот лидер изјави дека Русија треба да размисли за напади врз земјите кои ѝ испорачуваат оружје и разузнавачка поддршка на Украина, додавајќи дека „останатото ќе биде направено“ ако Путин издаде наредба.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров упати нови остри закани кон земјите-членки на НАТО, повикувајќи Русија да размисли за напади врз државите кои, според него, отворено ја поддржуваат Украина со оружје, разузнавачки информации и друга помош.
Во објава на својот Телеграм канал, Кадиров изјави дека „не би било несоодветно да се започне со оние земји кои, криејќи се зад кратенката НАТО, не се срамат отворено и демонстративно да им снабдуваат на украинските сили оружје, разузнавачка служба и друга поддршка“.
„Време е да се отвори оган“, порача Кадиров.
Тој додава дека, според него, земјите од НАТО „разбираат само јазик на сила“.
Во својата објава тој употреби и реторика во која тврди дека кога земјите ќе „го почувствуваат мирисот на ТНТ, ќе ги слушнат рафалите на Калашниковите и ѕвекот на тенковите Т-90“, тогаш ќе ја сфатат сериозноста на ситуацијата.
Кадиров истакна дека Русија, според него, не треба „мрзливо да гледа што се случува“, туку да реагира поодлучно.
На крајот, чеченскиот лидер нагласи дека доколку рускиот претседател Владимир Путин издаде соодветна наредба, „останатото ќе биде направено“, алудирајќи на подготвеноста за спроведување на таква одлука.


