ВО САБОТА 47. МАРШ ЗА АНГЕЛИТЕ ВО КОЧАНИ Барањето останува – вистинска правда

Маршот ќе започне во 18:05 часот, а учесниците повторно ќе испратат порака дека трагедијата не смее да биде заборавена.

ВО САБОТА 47. МАРШ ЗА АНГЕЛИТЕ ВО КОЧАНИ Барањето останува – вистинска правда
Фото: Принтскрин

Утре, сабота, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи 47. „Марш за ангелите“, на кој организаторите повторно ќе ги испратат истите пораки и барања – вистинска правда и целосна одговорност.

„Секое ново рочиште отвора нова болка, секој нов доказ укажува на пропусти, а секое непостапување потсетува дека трагедиите не настануваат преку ноќ, туку се последица на долгогодишни слабости во системот“, велат организаторите.

Според нив, борбата за правда не е само за минатото, туку и за иднината. Тие посочуваат дека само со одговорни институции, доследно постапување и јасна порака дека човечкиот живот мора да биде над профитот, функциите и личните интереси, може да се спречи повторување на вакви трагедии.

„За жал, Кочани сè уште не ја извлече поуката од 16 март. И понатаму сме сведоци на пропусти и скандали кои го потресуваат градот. Затоа молкот не е опција, а заборавот не е решение“, наведуваат организаторите.

Тие повикуваат на масовно присуство на 18 јули, нагласувајќи дека маршот е порака на сеќавање, одговорност и истрајност.

„Да покажеме дека 63 животи не се статистика. Да покажеме дека Кочани памети и дека правдата не се бара само еднаш, туку сè додека не биде исполнета. За никогаш да не се повтори“, стои во соопштението.

CATEGORIES
TAGS
Share This