АМСМ СО ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ На овие патни делници возете особено внимателно

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолги задржувања, но АМСМ предупредува на можни одрони на неколку патни правци.

АМСМ СО ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ На овие патни делници возете особено внимателно
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на делниците низ клисури, котлини и речни долини, каде постои опасност од одрони. Поголема претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите возила со вкупна маса до 3,5 тони. До 31 август важи сезонска забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони:

  • Петок: 17:00 – 22:00 часот
  • Сабота: 09:00 – 18:00 часот
  • Недела: 09:00 – 22:00 часот

Во денови со екстремно високи температури, забраната важи и од понеделник до четврток, од 11:00 до 17:00 часот, доколку тоа го утврди Министерството за здравство. Ограничувањето не важи за возила што превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури, леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, опасни материи, како и за возила ангажирани на државни патни проекти.

До 1 септември на магистралниот пат А2 (Скопје – Охрид – Скопје) е во сила дополнителна забрана за товарни возила над 7,5 тони:

  • Петок: 15:00 – 22:00 часот
  • Сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот
  • Недела: 07:00 – 22:00 часот

Мерката е воведена за побрз проток на сообраќајот кон Охрид во текот на летната туристичка сезона.

На повеќе патни правци низ државата се изведуваат градежни работи и санации, поради што е воведен времен режим на сообраќај:

  • санација на мост на реката Брегалница на регионалниот пат Р1204 кај Штип;
  • санација на вијадукти на делницата Гостивар – Стража (А2);
  • санација на мостовите на реката Вардар кај Желино на автопатот А2;
  • изградба на премин за интерконективниот гасовод под автопатот А1, на делницата Смоквица – Гевгелија;
  • рехабилитација на дел од скопската обиколница меѓу клучките Волково и Кондово, каде сообраќајот се одвива по две ленти;
  • санација на свлечиште на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост;
  • времен режим на сообраќај на патниот правец Прилеп – Битола поради изградбата на Коридорот 10Д, со пренасочување на возилата по регионалниот пат од клучката Лагово до Тополчани.
CATEGORIES
Share This