НЕ ДОБИЛ ПАРИ, ПА ЗБЕСНАЛ 20-годишник нападнал и му се заканувал на дедо си

20-годишник од Кочани се сомничи дека го нападнал својот 74-годишен дедо откако не му биле дадени пари, а потоа му упатил и закани.

НЕ ДОБИЛ ПАРИ, ПА ЗБЕСНАЛ 20-годишник нападнал и му се заканувал на дедо си
Фото: Принтскрин

СВР Штип – ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани поради сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 21 минатиот месец во семејниот дом во Кочани, кога осомничениот најпрво побарал пари од својот 74-годишен дедо. Откако не ги добил бараните средства, тој физички го нападнал, а потоа му упатил и закани.

Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување на случајот.

CATEGORIES
Share This