ЌЕ ГИ ОБЈАВАМ ПОРАКИТЕ Цеков со тврдења дека Бендевска му испраќала пораки на Заев
Цеков тврдеше дека поседува преписка од 2021 година и ја повика Бендевска јавно да се изјасни за нејзината автентичност.

Фото: Принтскрин
Независниот пратеник Миле Цеков, кој претходно ја напушти партијата ЗНАМ, од собраниската говорница упати сериозни обвинувања кон пратеничката Весна Бендевска, тврдејќи дека таа во минатото му испраќала пораки на тогашниот премиер Зоран Заев.
„Дали е точно? Одговорете ми, бидејќи ако не ме демантирате, јас ќе ги објавам пораките. Дали на 25 јануари 2021 година му напишавте на Зоран Заев: „Ти благодарам многу, ти си душа и срце од човек, ова нема никој да ти го заборава“?“, рече Цеков во својата реплика од собраниската говорница.
Бендевска засега не одговори на изнесените тврдења за време на расправата.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


