ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија
Политички преглед на денот, недела, 12 јули 2026 година.

Политички преглед на денот, недела 12 јули 2026 година. Што објавија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија?
ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ, трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз
Единствената коалиција која функционира е Левица, СДС и ДУИ кои се обединети за блокада на изборниот законик, поради страв од избори си подготвуваат предвреме алиби. Наместо да поддржат закон кој ги вградува препораките и го подобрува изборниот процес, тие свесно ја кочат постапката и бараат нови изговори.
На јавноста и е јасно дека ова не е борба за подобар Изборен законик, туку обид однапред да се создаде алиби за изборниот пораз што ги очекува. Венко Филипче после 4 месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти.
СДС ќе бара оправдувања, Левица ќе измислува нови конструкции, а ДУИ ќе продолжи да бега од одговорност. Но фактите се јасни, трите партии не сакаат реформи и токму тие се виновни што новиот Изборен законик се уште не е донесен.На Македонија и се неопходни функционални институции и фер изборен процес, а не опструкции мотивирани од теснопартиските интереси на С ДС, ДУИ и Левица.
Македонија е признаена како лидер во Реформската агенда а тоа што не се носи новиот изборен законик е вина на СДС, Левица и ДУИ. Граѓните ги гледаат овие политичките манипулации и калкулирања и токму затоа на следните избори ќе ги казнат овие партии на кои не им се важни граѓаните туку личните лукративни цели.
СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори
Христијан Мицкоски и неговата влада се подготвуваат за предвремени парламентарни избори Иако коалициониот партнер Фатмир Лимани најави 18 април 2027 година како можен термин, поради драматичниот пад на рејтингот и целосниот економски колапс, Мицкоски ќе се обиде да ги распише многу порано и најверојатно до крајот на оваа или на почетокот на следната година.
Причината е јасна и не може да се прикрие: во буџетот нема пари, економијата е во колапс, а повеќе не може да се задолжува за финансирање на криминалните тендери на својата група. Кога ќе му се затвори просторот за нови задолжувања, ќе мора да распише избори.
Но, за да не признае дека нема пари и дека ја уништил економијата на земјата, ќе бара алиби од опозицијата. Најверојатно ќе ја искористи темата – Европска унија, како главен изговор. Мицкоски веќе со месеци ја запира европската интеграција. Ветената реформска агенда до 1 јуни повеќе не се споменува.
Наместо да ги исполни реформите кои би отвориле пат кон Европа, тој чека „покана од Европа“ и порачува „збогум Европо“. Во реалноста, не сака да ги спроведе реформите затоа што тие носат независно правосудство и одговорност за кражбата на парите на граѓаните преку наместени тендери.
Ќе се врати на старата националистичка и популистичка реторика. Ќе се претстави како „патриот“ кој „не отстапува ни милиметар“ од националниот идентитет, додека СДСМ ќе ја обвинува дека е готова да го продаде идентитетот за европски фондови. Оваа теза ќе му биде централна во кампањата.
Во исто време, речиси целата влада, министри, пратеници и нивните семејства имаат бугарски државјанства и европски пасоши. Тие си обезбедиле приватна Европа за себе, додека граѓаните чекаат со чаови на граница. Лажниот патриотизам падна во вода и стана јасен на сите. Паралелно се подготвуваат и техничките услови за избори.
Мицкоски на сила ја укина техничката влада, а сега се обидува да го протурка Изборниот законик кој овозможува неконтролирано гласање на дијаспората, без соодветни механизми за контрола. Ботовите на социјалните мрежи веќе повикуваат на избори. Преку Латас и Ивона се води силна анти-европска кампања со цел развивање на евроскептицизам. Во исто време, Мицкоски веќе осум месеци работи на создавање на платформи и сателитски партии за да го уситни опозицискиот глас, бидејќи ЗНАМ повеќе не му служи, не може да го помине цензусот.
Надворешниот притисок е исто така очигледен. Големиот брат Вучиќ најави избори во Србија, а Мицкоски мора да го следи. По падот на Орбан, не смее да ризикува и Вучиќ да падне, бидејќи целиот бизнис (Алта банка) и анти-европската агенда се врзани за него. Медиумите на Орбан во служба на ВМРО-ОКГ се под истрага во Унгарија, а во Македонија се префрлаат сопствеништвата. Криминална група ВМРО изгуби над 150.000 гласови. Рејтингот на Мицкоски е на историски минимум поради секојдневните лаги.
Дојде на власт со лаги, владее со лаги, тоа им стана јасно на сите. Народот веќе не е наивен. Сите знаат дека изборот не е помеѓу „патриоти“ и „предавници“, туку помеѓу продолжување на изолацијата и криминалот или враќање на европскиот пат. Народот ќе победи. Европска Македонија ќе победи.
ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Прашање кое бара одговор – По кој Устав и закон само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛЕВИЦА, ЗНАМ треба да пишуваат изборни правила
Единствена Македонија најостро реагира на политичката ароганција на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ, кои си го присвојуваат ексклузивното право да ги креираат изборните правила што ќе важат за сите учесници.
Секојдневните наводни политички судири меѓу овие партии сè повеќе се покажуваат како добро режирана претстава за јавноста. Кога се во прашање нивните заеднички интереси, тие без двоумење постигнуваат договор. Така е и сега, наместо транспарентен и демократски процес, тие во тесен партиски круг ги кројат изборните правила и договараат како повторно да ги користат буџетските пари за финансирање на своите изборни кампањи.
Според нивниот договор, во 20-дневната изборна кампања за вонредните парламентарни избори во 2027 година, веќе се договорија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН да добијат по околу 800.000 евра, додека Левица и ЗНАМ околу 300.000 евра. Вонпарламентарните партии се сиклучуваат од играта и дефакто се укинуваат.
Ова е директно потценување на демократијата и на уставниот принцип на еднаквост на сите учесници во изборниот процес. Уставот и законите не познаваат привилегирани партии со право да одлучуваат во име на сите. Напротив, секој политички субјект што учествува на изборите има право да биде дел од процесот на подготовка и усвојување на изборните правила.
Затоа, јавно прашуваме:
По кој Устав, по кој закон и врз основа на каков демократски принцип ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и ЗНАМ си земаат за право сами да ги определуваат изборните правила што ќе важат за сите политички партии?
Одговорот на ова прашање го должат не само на Единствена Македонија, туку и на целата македонска јавност. Граѓаните имаат право да знаат дали изборните правила се носат во интерес на демократијата или во интерес на овие партии кои се обидуваат да го зачуваат својот политички монопол.
Единствена Македонија нема да прифати изборен процес во кој правилата ги пишуваат исклучиво оние што имаат најголема политичка и финансиска корист од таквиот договор. Демократијата подразбира еднаквост, транспарентност и учество на сите, а не договори зад затворени врати и партиски монополи.

ДНЕВНА ДОЗА ПОЛИТИКА Што објавија денес ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Единствена Македонија


